Утрово околу 4.30 часот на раскрсницата од бул. „Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ при вршење на сообраќајна контрола од страна полициски службеници било запрено патничко моторно возило „ голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од Г.И. (40) од Скопје, откако истиот претходно на семафор поминал на црвено светло.
При преземање на службено дејствие од страна на полициските службеници, Г.И. почнал да ги навредува и омаловажува, по што е приведен во Полициска станица Центар и по извршено алко-тестирање кај истиот е утврдено присуство на 3,50 промили алкохол.
По целосно расчистување ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.