-За бизнис-секторот секоја нестабилност во државата, било да е таа политичка или не, не е добра и може да има поразителни резултати врз економијата – изјави денеска претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска.
Одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на меморандумот за соработка со Македонската академија на науките и уметностите, Арсовска рече дека доколку политичката криза се провлече на подолг рок тогаш последиците можат да бидат поразителни.
– Најважно е тоа дека во ситуација на криза проектите ќе останат во фиоките и никој нема да пристапи кон развојните компоненти – рече Арсовска.
Таа нагласи дека економијата е жива материја којашто зависи не само од актуелните случувања во бизнисот, туку и од актуелните случувања во политиката.
– Во овој момент не можеме да кажеме ништо повеќе освен дека во овој случај не е добра политичката нестабилност во државата и дека нe би сакале да бидеме оние кои ќе ги видат негативните резултати во периодот којшто следува – додаде Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот