| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Ништо не може да го оправда масовното убиство на луѓе

Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди позицијата на земјата, дека масакрот на околу 1,5 милиони Ерменци во Отоманската империја е „геноцид“.

– Ставот на Русија е и останува ист: секогаш сме верувале дека нема и не може да се оправда масовното убиство на луѓе – изјавил Путин на меморијалната церемонија во ерменската престолнина Ереван по повод одбележувањето 100 години од ерменскиот геноцид.

Путин раскажал за улогата на Русија во процесот за осуда на геноцидот над Ерменците.

– Ништо не може да оправда масовното убиство на луѓе – истакнал рускиот претседател и додал дека денес стојат до ерменскиот народ, за да оддадеме почит на жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top