
Од 21 до 24 март македонските туристички потенцијали се претставуваат на Саемот за туризам во Гетеборг, Шведска.
На Саемот учествуваат македонските туристички оператори „Мак сан травел“ и „Визит Мацедониа“, како и туристичките агенции „Симониум“ и „Фибула травел“ и хотелската асоцијација ХОТАМ.
– Беа направени состаноци, кои ветуваат многу, со едни од најголемите и најпознати туристички оператори во Шведска, како Scandjet, Appolo, Focus Travel и The Travel Collection. Огромниот интерес за македонската кујна е она што ме остави без текст, додека интересот за бањскиот туризам, заедно со здравствениот и ловниот туризам, се веднаш зад него – посочи Никола Костадинов, претставник од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, која беше организатор на претставувањето на земјава во Шведска.
Саемот во Гетеборг е 12. по ред претставување на туристичката понуда на Македонија во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


