| четврток, 6 декември 2018 |

ОН бараат ЕУ да преземе итни мерки за спасување на емигрантите

un

Европската унија мора да преземе итни мерки за покренување спасувачки операции за емигрантите на море и да се обврзе дека ќе прифати значително поголем број бегалци, изјавија денеска водечките функционери на ОН и на Меѓународната организација за миграција.

– Одговорот на Европската унија треба да биде значително поголем отколку сегашниот минималистички пристап, кој првенствено е насочен кон сузбивање на доаѓањето на емигранти и бегалци на нејзините брегови – се наведува во заедничката изјава на високиот комесар на ОН за човекови права, Зеит Раад ал Хусеин, комесарот на Светската организација за бегалци, Антонио Гутереш, специјалниот пратеник на ОН за емиграција, Петер Сатерленд и претседателот на Меѓународната организација за миграција, Вилијам Лејси Свинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top