| четврток, 6 декември 2018 |

Опожарена трафостаница во Гостивар

трафо

Во Гостивар денеска околу 10 часот на ул. ЈНА е опожарена компактно-бетонска трафостаница ТЦ 57.

Како што соопшти денеска ЕВН-Македонија, пред трафостаницата се наоѓал стар кревет, кој бил запален, а од таму пожарот зафатил и дел од  конструкцијата на трафостаницата. По кратко време пожарот бил локализиран и констатирана е штета на горниот дел на сите енергетски елементи во трафостаницата, трансформаторот, нисконапонскиот и среднонапонскиот блок.

– Заради зголемена безбедност, за време на поправките исклучени беа околу 300 потрошувачи, кои се напојуваат од оваа трафостаница – стои во соопштението од ЕВН-Македонија.

Стручните екипи на ЕВН-Македонија заедно со локалната полиција во Гостивар во моментов се на терен, преземени се сите активности за испитување на причините за пожарот и воспоставено е нормално снабдување со електрична енергија за кориснице од опожарната напојна точка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top