| четврток, 6 декември 2018 |

„Мерцедес“ казнет со 53 милиони евра поради монопол

mercedesВластите во кинеската источна провинција Јуангсу го казнија „Мерцедес“ со 350 милиони јуани (53 милиони евра) поради монополска цена. Оваа казна воедно е и највисока некогаш врачена на еден произведувач на автомобили во вакви случаи. Во соопштение се наведува дека германскиот произведувач извршил притисок врз продавачите да ги стават најмалите можни цени за нивните автомобили и резервни делови и оти издавале предупредување доколку трговците не ја послушаат таа наредба.

Канцеларијата за одредување на цените во оваа провинција додаде дека произведувачот на автомобили го прекршил антимонополскиот закон и ги загрозил чесната трговска конкуренција и правата на потрошувачите.

– Истрагата покажала дека Мерцедес и нивните продажни салони во Јуангсу направиле договор да ја понудат најмалата можна цена за „Е класа“, „С-класа“ и одредени резервни делови – се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top