| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со претставници на Европскиот совет

sredba

Соговорниците разговарале за реформската агенда на Владата во насока на реализација на реформите и мерките насочени кон исполнување на критериумите зацртани од интегративниот процес на Македонија во ЕУ.

На средбата, како што се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот, станало збор и за предизвиците поврзани со состојбата со политичкиот дијалог при што беше истакната важноста од институционално дејствување и нивно надминување.

Груевски ги информираше членовите на работната група за тоа дека членството во ЕУ претставува стратегиска определба на државата и интензивно се работи во реализацијата на натамошни реформи што ќе го унапредат процесот. Посочи дека се преземаат мерки во повеќе општествени области, чијашто крајна цел е исполнување на предвидените критериуми, подобрување на квалитетот на работата на институциите и овозможување на напредок на животот и стандардот на граѓаните.

Соговорниците разговараа и за надворешно политичките аспекти во процесот на европски интеграции, при што премиерот Груевски ја истакна нашата посветеност и заложби за понатамошно унапредување на добрососедските односи и регионална соработка, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top