| четврток, 6 декември 2018 |

Четврти „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица

unnamed

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 29 април 2015 година, среда, со почеток во 20 часот во „Сап клуб“ Струмица ги организира четвртите по ред „Роднокрајни поетски средби“.

Овој настан има цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да ѝ понуди на публиката автори од Македонија кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата да го направат тоа пред публиката која е подготвена да го чуе секој нов стих напишан од тие кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.

По успешно реализираните три изданија на оваа манифестација, на сцената на „Роднокрајни поетски средби“ досега учествуваа повеќе од триесетина автори од Струмица и регионот и се планира оваа манифестација да стане традиционална и да се одржува редовно секој месец.

На четвртите „Роднокрајни поетски средби“ е планирано да настапат десетина поети со нивното поетско творештво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top