Тим Данкан е како старо вино, игра сè подобро во залезеот на кариерата и со 159. двоен ефект го предводеше шампионот Сан Антонио до победа против Лос Анџелес клиперс со 111-107. Во Ел-Еј се играше едно продолжение, откако мечот во регуларен дел заврши нерешено 94-94.
Данкан постигна 28 поени и забележа 11 скока. Кавај Ленард прокнижи 23 поени за Сан Антонио, екипа што израмни на 1-1 во серијата до 4 победи. Најефикасен на мечот беше крилото на Клиперс Брајан Грифин со 29 поени, а тој забележа и трипл-дабл со 12 скока и 11 асистенции.
Олдичен меч одигра и Перо Антиќ за Атланта хоукс за предност од 2-0 против Бруклин нетс. Македонскиот кошаркар постигна 8 поени за 13 минути игра, а јастребите победија со 96-91.
Со 2-0 води и Мемфис против Портланд, откако Гризлис пак славеа, овојпат со 97-82.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.