| четврток, 6 декември 2018 |

Ставревски: „Стандард и пурс“ има доверба во Македонија

 

Во вестите на Сител министерот за финансии Зоран Ставрески, по трибината на ВМРО-ДПМНЕ одржана во Гостивар изјави дека рејтинг агенцијата „Стандард и пурс“ која е најзначајна агенција има доверба во Македонија наспроти сите овие случувања и обиди за поткопување на стабилноста на земјата.  „Стандард и пурс“ истакнале дека според нив Македонија има стабилен рејтинг.

– Оттаму велат дека има ризици и предизвици како и секоја друга земја, но ние ве оценуваме дека сте стабилен рејтинг и го потврдија нашиот кредитен рејтинг. Иста е и оценката од ММФ и од Светска банка, тие веруваат во Македонија и во економските политики и во тој контекст разговаравме за два крупни проекти каде има значаен прогрес а тоа е поддршка од Светската банка за финансирање на гасификацијата за целосно таа да се заокружи и поддршка за изградба на патишта при што уште во септември очекуваме да се одобрат средства за финансирање на патот од Ранковце до Крива Паланка, рече Ставрески.

Министерот Ставревски додаде дека во следната година ќе има и нови проекти, но дека најбитно е што овие најреномирани финансиски институции ја даваат поддршката за нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top