По неколкуте повреди на клучните играчи на Баерн и поразот од Порто во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите дополнителни главоболки на управата на тимот им донесе и оставката на првиот доктор на лекарскиот тим Ханс – Вилхелм Милер – Волфарт.
За тоа придонесе најмногу првиот стратег на клупата Пеп Гвардиола со неговите испади и иронични гестикулации насочени кон Милер-Волхарт и го обвини првиот докотор на тимот за честите повреди на фудбалерите.
Сепак откако Баерн го демолираше Порто во реваншот на Алијанц Арена со 6-1 и се пласираше во полуфиналето, страстите се смирија и сега раководството се обидува по секоја цена да го убеди првиот доктор со неговиот тим да се вратат во тимот на Баерн Минхен.
– Општо познато е дека ние како клуб имаме фантастична соработка со Доктор Милер – Волфхарт. Лично, уште како играч секогаш сум му ја давал својата поддршка, истото е случај и сега – изјави спортскиот директор Матијас Замер.
Со слично размислување е и претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге кој потврди дека разговарал со Милер-Волхарт.
– Разговарав по телефон со Милер-Волфхарт. Можам да кажам дека тоа беше добар, позитивен разговор, ние имаме високо мислење за него и тој знае дека е значаен дел од нашето спортско семејство – додаде Румениге.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.