Доколку на страната “I Look Like You” ставите своја фотографија, сервисот за споредување на сите фотографии, на основа на вашата, ќе ја пронајде личноста која изгледа како вас. Овој забавен сервис кој служи исклучиво за забава, нуди и опција за прегледување на сличности меѓу други лица. Така можете да погледнете до кој степен личат некои други две лица, односно чиј изглед најмногу се поклопува со изгледот на вашиот омилен актер или актерка.
Целата идеја се развила од приказните за безбедносните служби, кои препознавањето на лица го користат како помош при барање на криминалци.
Авторите на сервисот, Вејн Дам и Кирк Џонсон, одлучиле да ја отворат веб страната во моментот кога корисниците ќе постават повеќе од 100.000 фотографии.
Тоа веќе се случило, а на вас останува да проверите кој изгледа како вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Сликале венчавка од соседниот покрив – кога ја погледнале подобро фотографијата, останале шокирани од глетката (фото)