Додека уживаме во првите пролетни сончеви зраци, воопшто не размислуваме за штетното УВ зрачење затоа што мислиме дека уште е рано, но црвенилото на лицето и дамките предупредуваат да бидеме внимателни. Сепак, лекарите предупредуваат дека, поради оштетениот озон, зрачењето во април може да биде исто толку силно колку и тоа во август. Иако не е лето, внимавајте кога сте надвор. Сѐ што се користи за заштита од сонцето во летните денови, применувајте и сега: мачкајте се со крем со висок заштитен фактор, носете памучни маици со долги ракави, очила за сонце и шапка.
Американските научници заклучиле дека голем број луѓе се запознаени со опасностите што им се закануваат од априлското сонце, но поради желбата да добијат бронзен тен се подготвени да ризикуваат. Го игнорираат фактот дека УВ зраците можат да доведат до промена во ДНК структурата на клетките, а со тек на време тоа доведува до рак на кожата.
Многу луѓе се толку зависни од сончање, особено во пролет, што не се грижат за предупредувањата од лекарите. Психијатрите тоа го нарекуваат тенорексија, а се манифестира така што зависникот од сончање мисли дека е премногу блед, дури и кога кожата му е „јагленисана“, токму како што анорексичните се убедени дека се дебели иако се премногу слаби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.