Во Велес, во близина на Општата болница, денеска е пуштена во употреба нова автоматска метеоролошка станица.
Според директорот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Оливер Ромевски, станицата е една од најсовремените во Македонија.
– Станицата ги исполнува сите стандарди и параметри, а е снабдена со електрична енергија и безжичен интернет сигнал, рече Ромевски.
Новата метеоролошка станица ја обезбеди УХМР од сопствени средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.