Најголемото филмско студио во поранешна Југославија- „Авала филм“ денеска е продадено на конзорциумот „Филм веј“ (Film way) за 980 милиони динари (8,2 милиони евра), соопшти сајтот „Нови магазин“.
„Филм веј“ беше единствениот учесник на тендерот за продажба на студиото, кое веќе четири години е во стечај. Поради недостигот на конкуренти филмското студио е продадено по првично објавената цена.
Според српските медиуми, зад конзорциумот стои француски и американски капитал, но и некои банки подготвени да инвестираат во филмот.
Пред Српската агенција за приватизација, каде денеска беше отворен тендерот, се собраа околу 50-тина филмски работници, незадоволни од продажбата на „Авала филм“, а студенти од факултетите за уметност организираа перформанс.
По повод протестите против продажбата на студиото министерот за култура, Иван Тасовац, во изјава за телевизијата „N1“ кажа дека „овој српски Холивуд не работи уште од 1989 година“ и дека затоа треба да се направи разлика меѓу приватизација и процедура за неоддржливост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.