Годинава се одбележува 10-годишнината од најсложената воена операција на 21. век – инвазијата на САД и Велика Британија врз Ирак во која беше соборен ирачкиот водач Садам Хусеин.
Како причина за нападот на западните војски против војската на Садам Хусеин било наведено сериското производство на оружје кое би можело да биде искористено против било која држава во светот.
Денес, по 10 години од почетокот на војната Ирак и натаму останува еден од најопасните региони на планетата пред сѐ поради енормниот број на екстремистички групи.
Во текот на крвавата војна на Блискиот Исток биле пратени повеќе од 4 500 странски војници во воена мисија, а бројот на настрадани во текот на оваа деценија варира од 700 илјади до 1, 5 милиони лица, од кои 150 новинари, фото – репортери и преведувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.