Во Дом на млади Штип се одржа Рецитаторски натпревар за ученици-рецитатори од основните и средните штипски училишта. Натпреварувачите настапија со по една песна од познат поет (по сопствен избор), која содржи најмногу четири строфи. На натпреварот се пријавија 37 ученици од основните училишта и средните училишта во Штип. жНаградени се тројца учесници и тоа:
Прво место – Александар Лукароски, СОУ Гимназија Славчо Стојменски со песната „Десарети и друзи“ – Михаил Ренџов, во менторство на Соња Шијаков;
Второ место – Росана Бадева, ООУ Гоце Делчев со песната „Цветови“ – Славко Јаневски, во менторство на Марија Ристова;
Трето место – Теона Димова, СОУ Гимназија Славчо Стојменски со песната „Само тоа го посакувам“ – Никола Маџиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија