| четврток, 6 декември 2018 |

„Да – за книга“ продолжува во Куманово

Покрај успешните настапи во Битола и Велес, од 23-ти до 25-ти април, читателите во Куманово ќе ја имаат можноста да се дружат со илјадниците наслови и автори. Во и пред платото на Библиотеката „Тане Георгиевски“, ќе бидат одржани и неколку промоции и средби со истакнати македонски автори.

Во четврток, на отворањето на Саемот ќе биде претставена едицијата „Античка философија“ објавена во девет книги од акдемик Витомир Митевски. За Платон, Аристотел, Сократ, Доцната антика итн ќе говори проф. д-р Весна Томовска.

Во петок, пред читателите во Куманово ќе се претстави младиот Милош Димковски со својот роман „Парада на марионетките“, а во сабота, романот кој сите со нетрпение го очекуваат, приказната која ги освојува срцата на македонските читатели „Бездомникот со златен часовник“ на Верче Карафилоска.

Во подршка на турнејата „Да – за книга“ се приклучуваат и соработниците на Клубот од Велика Британија Orion, Paragon, КАКО И Лагуна Клубот од Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top