| четврток, 6 декември 2018 |

Петровски: Стојанче е нестабилен и агресивен, новинарите на СОРОС добро организирани

филип2

Луцидно и организирано се случува ова, но добро финансирано од невладина организација, парите доаѓаат надвор од Македонија, вели Филип Петровски во Сител 3.

За него е многу загрижувачко што 2015-та почнува да потсетува силно на 2001-ва.

-Заев сево ова го најавуваше со месеци, а го прави 3 месеци, СДСМ не влегува во Собрание. Самото активирање на Стојанче не е случајно, тој рече дека нема повеќе да се занимава со политика. Тој е агресивен и нестабилен, тоа не е дозволено во политиката. Се укажува дека бомбите треба да доведат до масовни протести, па и Бранко си кажа во писмо. Сосема случајно ли е што Бранко се јавува со писмо, а утредента се напаѓа караулата. Сите моменти се исти, вели тој.

За разлика од тогаш, вели Петровски, сега сме поспремни и се ни е појасно.

-Оваа пропагандна машинерија финансирана од СОРОС има добро организирани новинари и знаат што треба да шират. Героски пишува дека Груевски и Ахмети ова не можат да го контролираат. Ако некој нешто организира, тогаш може да го контролира. Разузнавачите се тука, има пресметка на такви структури, битката е јасна дека треба да се бuтне оваа влада, која добива доверба и има големи позитивни резултати- висок континуиран економски раст, вработувања, странски инвестиции.. Ова може да се промени само со радикален упад кој го реализираат од СДСМ – рече тој.

Интуицијата која ја има народот, смета поранешниот пратеник, сеќавањата на 2001-ва, има трајни инвалиди, загинати, не може некој да ни каже дека е поинакво од тогаш.

-Убеден сум дека странски тајни служби го организирале ова. Поддржани од Верушевски. Дознавме дека сопругата на еден од обвинетите била прилично добро финансирана од СОРОС. Тоа е компензација за посериозна одлука. Тие самите тврдат во Скајп преписката,  „му ги даде ли парите на идиотот“, а се знае дека зборат за Заев. Тие мислеле дека материјалите нема да се употребат во Македонија, но Верушевски си прави дупли договор. Тој му дава материјали на Заев. Многу луѓе во СДСМ си ги гледаат тие материјали – вели тој.

Петровски вели дека јавувањето на Црвенковски со вчерашното писмо, воопшто не е случајно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top