Ова го истакна универзитетскиот професор Оливер Андонов кој во вестите на Канал 5 говореше за денешниот инцидент во караулата кај Гошинце.
-Она што веќе институциите го превземаа е во рамки на законските обврски кои мора да бидат превземени, упатување на дополнителни полициски сили за расчистување на криминалните дејствија кои се случиле, откривање на терористичките групи и враќање на поредокот и суверенитетот на делот од територијата на Република Македонија кој бил запоседнат од терористички групи. Следно што институциите треба да направат е врзано за одржување на јавниот ред и мир, за заштитата на слободите, имотот и животите на граѓаните на Македонија и да се потрудат состојбата безбедносно да биде стабилна и да се откријат виновниците- вели Андонов.
Професорот смета дека нема потреба ниту од паника, ниту од ескалација и меѓуетнички конфликти бидејќи најпрво треба да се види пред се каква е таа група, што работи, кој иницијаторот, но и кои се политичките позадини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.