Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, денеска изјави дека во следните неколку недели очекува Грција и меѓународните кредитори да постигнат нова спогодба, пренесуваат британските медиуми.
Според Дејселблум, во интерес на еврозоната е Грција да остане во монетарната унија, но треба да ги почитува преземените обврски и спогодби ако сака да остане во неа. Според него, меѓутоа, излез на Грција од еврозоната не е варијанта што е на маса.
– Ако Грција ја напушти еврозоната ќе настапи многу опасна нестабилност – предупреди Дејселблум за телевизијата РТЛ.
Грција преговара со своите меѓународни кредитори и има опасност да остане без пари доколку не успее да постигне спогодба за добивање нов кредит.
-Парите почнуваат да секнуваат – подвлече шефот на Еврогрупата.
Кредиторите прогнозираат дека финансиските средства на Атина ќе
бидат доволни само до средината на мај, а во јуни е можно да се појави уште посериозен проблем со нејзината ликвидност, забележа ТАСС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција