| четврток, 6 декември 2018 |

Ентони Дор – добитник на Пулицеровата награда за книжевност за 2015 година

620-Light-Cannot-See-Anthony-Doerr.imgcache.rev1400533679895.web

Ентони Дор е годинешниот добитник на Пулицеровата награда за книжевност. Во потесниот избор беа Ричард Форд, Лејла Лалами и Џојс Керол.

Дор ја доби Пулицеровата награда за романот „Сета светлина што не ја гледаме“.

Жири-комисијата за делото на Дор рече дека ја истражува човековата природа и контрадикторната моќ на технологијата.

„Сета светлина што не ја гледаме“ е приказна за двајца млади – за една слепа Французинка и еден германски војник, зафатени од виорот на Втората светска војна кои настојуваат да ја сочуваат хуманоста, разумот и смиреноста на своите животи во општиот пекол околу нив.

Романот веднаш по објавувањето постигна неверојатен успех. Беше 49 недели на листата на бестселери и е продаден во 1,6 милион примероци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top