Ентони Дор е годинешниот добитник на Пулицеровата награда за книжевност. Во потесниот избор беа Ричард Форд, Лејла Лалами и Џојс Керол.
Дор ја доби Пулицеровата награда за романот „Сета светлина што не ја гледаме“.
Жири-комисијата за делото на Дор рече дека ја истражува човековата природа и контрадикторната моќ на технологијата.
„Сета светлина што не ја гледаме“ е приказна за двајца млади – за една слепа Французинка и еден германски војник, зафатени од виорот на Втората светска војна кои настојуваат да ја сочуваат хуманоста, разумот и смиреноста на своите животи во општиот пекол околу нив.
Романот веднаш по објавувањето постигна неверојатен успех. Беше 49 недели на листата на бестселери и е продаден во 1,6 милион примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



