Полскиот шампион Кјелце налета на гигантот Барселона во полуфиналето на ракометниот фајналфор во Келн, а македонскиот интернационалец Кирил Лазаров ќе има шанса со победа да го одмазди македонскиот претставник Вардар, па на некој начин и Металург.
Во второто полуфинале германски Кил ќе игра со моќниот состав од Унгарија, екипата на Веспрем.
Кјелце со две победи од по два гола разлика го елиминира Вардар во четвртфиналето, а претходно на двапати беше подобар и од Металург, со што се покажа како тврд орев за македонските претставници во Лигата на шампионите. Сепак Лазаров и соиграчите од Барселона се друга димензија и се апсолутни фаворити за пласман во финалето во Келн. Овие две екипи играа во истата фаза во Келн пред две сезони и тогаш Барселона славеше со 28-23.
Интересно е што и Кил и Веспрем играле меѓусебе во полуфинале на Ф4 и тоа лани, а популарните зебри од Гермаија победија со 29-26.
Турнирот на четирите најдобри екипи во Европа ќе се игра во „Ланксес арена“ во Келн на 30 и 31 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.