Краткиот филм „Годините го чинат своето” (Бено и Роза) ја доживеа својата светска премиера на Фестивалот за толеранција во Загреб, Хрватска.
Филмот ја следи животната приказна за Бено и на Роза, преку нивното запознавање, првите контакти и вљубувањето еден во друг, па сè до почетокот на Втората светска војна. За време на Втората светска војна мнозинството од Евреите во Македонија, повеќе од 7.400 се депортирани во „Треблинка“. Ниту еден се неам вратено од таму.
Бено и Роза заедно со неколкумина свои пријатели им се придружуваат на партизаните и така ја преживуваат Втората светска војна. На свои 24 години на крајот од војната, Бено е веќе станат генерал во Југословенската армија.
Приказната го следи нивниот живот , низ создавањето на Југославија, смрттта на Тито, распагањето на Југославија, создавањето на самостојна Македонија па сè до 2011 година.
Краткиот филм е во режија на Стојан Вујичиќ, работен е по сценарио на Едвард Серота и со музика на Александар Пејовски, а е реализиран како копродукција на Центропа од Виена и Дрим фектори од Македонија. Македонски продуцент на филмот е Огнен Антов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура