| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Во тек се околу 50 милиони денари инвестиции

todorov 2

– Над 100 милиони денари се вложени во изградба и реконструкција на локални и регионални патишта во Делчево и околу 50 милиони денари инвестиции се во тек – изјави членот на извршниот комитет на владејачката партија, Никола Тодоров во Дневникот на „Сител“.

Трибините кои пред граѓаните ги одржува ВМРО-ДПМНЕ денес продолжуват во Делчево. Покрај Тодоров, пред граѓаните ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски.

-Ќе зборуваме за проектите кои се направени во овие години од 2006-та па наваму и тоа во делот на инфраструктурата, здравството, земјоделството, образованието – рече Тодоров.

Тој посочи дека нивниот стил на работење како партија се базира на програма која е јавно објавена и за која даваат отчет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top