| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на Град Скопје во посета на Истанбул

koce-istanbul

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и делегација од Советот на Град Скопје, денеска во рамките на посетата на главниот град на Турција, Истанбул остварија средба со градоначалникот на Град Истанбул, Кадир Топбаш, соопштија од Град Скопје.

На средбата градоначалникот Топбаш истакнал дека  ваквите средби помеѓу градоначалниците и членовите на советите на двата града и размената на заедничките искуства, ќе придонесат за подобрување на односите меѓу градовите во економската, трговската и културната сфера.

– Во наредните денови ќе ги поканиме сите членови на Советот на Град Скопје да дојдат овде, каде што ќе воспоставиме контакти и направиме анализи на нашите дејности, во насока на подобрување на меѓусебната соработка, изјавил градоначалникот Топбаш.

Градоначалникот Трајановски се заблагодарил на гостопримството на Градот Истанбул, каде што наредниве неколку денови претстојува делегација составена од членови на Советот на Град Скопје, како и повеќе од 80 средношколци кои ќе имаат спортски натпревари со нивните соученици од средните училишта од Истанбул во ракомет, кошарка, фудбал и одбојка.

– Дискутиравме околу прашања од областа на сообраќајот, урбанизмот, хортикултурата, градежништвото, поточно за сите области кои се во надлежност на локалната самоуправа и мислам дека токму локалната самоуправа е една од најдобрите можности за соработка меѓу државите, бидејќи проблемите со коишто се соочуваат градовите, независно од која земја, се исти, кажа градоначалникот Трајановски, се вели во соопштението на Град Скопје.

Градоначалниците договориле размена на административни служби во одделни области на работењето, како што е областа на урбанизмот, финансиите, правните работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top