Ќе се снима филм за германската канцеларка Ангела Меркел, а премиера се планира за 2017 година. Бидејќи годината кога треба да се промовира филмот е изборна година во Германија, опозицијата ја нарече идејата евтина политичка пропаганда.
Германската продуцентска куќа што ќе го снима филмот за пишување на сценариото го ангажираше политичкиот новинар Дирк Курбјувајт, уредник во „Шпигел“. До есен треба да се знае и кој ќе ја игра германската канцеларка, но и другите германски и светски политичари што треба да се појават во филмот.
– Меркел има напнат и интересен живот. Таа е шармантна и светски позната и сметаме дека е вистинско време светската публика да добие шанса да го види нејзиниот живот пренесен на филмското платно – велат продуцентите на филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура