Нема политички, ниту партиски притисоци врз уставните судии. Тие независно постапувале по иницијативите што најчесто ги поднесуваат граѓаните, тврди претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева. Немало политичка одлука ниту во случајот на отфрлањето на иницијативата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за што обвинувала опозицијата, вели првиот уставен судија.
– За одлуката по иницијативата на Жерновски, Уставниот суд носи одлука при гласање, така што одлуката не ја носи било кој сам судија, ниту претседателот на Уставниот суд – рече Гошева.
Дека немале притисоци при донесувањето на одлуките, тврди и уставниот судија Габер- Дамјановска која најчесто имаше издвоени мислења во однос на донесените одлуки. Нејзините ставови произлегувале, вели само од уставните принципи.
– Тоа го кажувам, писмено го образложувам и го ставам својот потпис. Во последно време зачестија таквите издвоени мислења, но конкретно врз себе не сум почувствувала притисок – рече судијката Габер- Дамјановска.
Минатата година судот донесол уникувачки одлуки за 11 иницијативи, за 63 судот не нашол основ за поведување постапка. 31 иницијатива биле отфрлени, во два случаи постапката била запрена и една е завршена по административен пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа