| четврток, 6 декември 2018 |

Војничкото гравче останува, но ќе има повеќе овошје и зеленчук

meni-vojka-640x414

Војничкото гравче останува на менито на припадниците на АРМ, но ќе има повеќе овошје и зеленчук за војниците. Ова го предвидува пакетот проекти за подобрување на жиивотниот стандард на припадниците на АРМ.

Денеска во скопската касарна „Гоце Делчев“, министерот за одбрана Зоран Јолевски го промовираше новиот правилник за исхрана, во чии рамки ќе се нуди поквалитетена и побогата исхрана.

Целта на овие измени, кои како пилот проектот се запачнати во Воената академија, изјави министерот Јолевски, е храната што ја добиваат војниците да биде многу поквалитетна и да се искористуваат прехранбените производи кои ги имаме во Република Македонија и се многу квалитетни.

– Една од новините е што, како и во други армии од земјите членки на НАТО, начинот на исхрана да биде самопослужување. Дел од храната е супа, чорба, салати и разни десерти односно овошје, рече Јолевски. Според него, со ова сериозно ќе се подобри квалитетот на исхраната во АРМ.

Тој најави можност и за рестартирање на кантините во рамки на гарнизоните, каде што професионалните војници ќе можат да добиваат по поволна цена квалитетна храна.

Во целиот пакет на подобрување на животниот стандард на припадниците на АРМ започнуваме со ревновирање на одреден број згради во рамки на касарните со цел да имаат многу подобри услови за функционирање. Го започнавме проектот „АРМ мој вистински дом“, а изградбата најверојатно на првата зграда ќе започне крајот на летото или почетокот на есента, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Задоволство од новиот правилник за исхрана изразија питомците од четврта година на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, Мариса Биберовиќ и Александар Анѓеловски, кои сметаат дека сега се дава поголем избор и може да се зема храна онолку колку што сметаат дека ќе ги задоволи нивните потреби, а тоа влијае на нивната физичка подготвеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top