Во основа на проблемот со емигрантите се кризите во Сирија и во Либија, изјави портпаролот на Европската комисија по повод новиот случај на бродолом во Средоземно Море на бегалци од Африка.
– Неопходни се заеднички напори, заеднички европски одговор поддржан од сите во Европската унија, тоа е заеднички проблем – изјави портпаролот по критиките дека ЕУ не поддржала продолжување на италијанската операција „Маре нострум“ за спасување бегалци во Средоземно Море.
Тој додаде дека, според претседателот на ЕК, сегашната состојба не може да продолжи.
– Важни се истовремено напорите на ЕУ во заедницата, но и справување со проблемот во основата – изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
ЕУ бара Грција да врати 55 милиони евра од помошта за „Хеленик дифенс системс“
-
ЕК ја чека одлуката на Пуџдемон за да се изјасни за Каталонија
-
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер со шокантно признание: Прашокот за перење и „нутелата“ не се исти…