Цената на бензините и на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,94, односно за 3,31 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 69 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 71 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 54,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 43,5 денари за литар. За 1,688 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 27,928 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,542 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.