Промоцијата на првиот албум на „Тајфата“ насловен како „Еден пат за еден живот“ ќе се одржи во вторник на 21 април во ТЦЦ „Гранд плаза“ во Тафталиџе (12 часот).
– Ова е момент за кој долго и напорно работевме сите. Се надеваме дека со овој албум и пристапот кој го имаме од неговото креирање, па сѐ до неговата промоција, ќе успееме да се етаблираме како група која поставува нови и повисоки стандарди во македонската музика. Ме радуваат реакциите на луѓе кои веќе имаат слушнато некои од песните на албумот, што ми дава надеж дека сме на вистинскиот пат. Сѐ што правиме, правиме со огромна љубов кон музиката, па веруваме дека луѓето тоа ќе го препознаат – вели Коки.
Албумот се состои од девет композиции, меѓу кои носечката на албумот,„Еден пат за еден живот“, потоа „Галичка“, „Јас со тајфа идам“, „Пушти коси“, „Едно мирно топло лето“, „Налет злато да е“… Текстовите се на Венко Серафимов, Дејан Георѓиевски-Ѕене, Весна Малинова, Љупчо Трајковски-Фис и Огнен Неделковски.
Музиката е на Дејан Георѓиевски-Ѕене и на Венко Серафимовски, а аранжманите се комплетно на Дејан Георѓиевски-Ѕене.
По повод првиот албум на „Тајфата“, снимен е и документарен филм кој го изработи „Томато продукција“, посветен на луѓето кои во континуитет се дел од приказната наречена „Тајфата“. Филмот ги прикажува видувањата на луѓето вклучени во подготовката на албумот, размислувањата на самите членови на „Тајфата“, композиторите, тексописците, рецензенти.
фото: Чедо Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.