Италијанското Обвинителство соопшти синоќа дека на бродот со емигранти што се преврти претходната ноќ во Средоземно Море, според изјава на еден од преживеаните, имало околу 950 луѓе.
Обвинителот на Катанија, Џовани Салви, наведе дека еден преживеан од Бангладеш ја дал информацијата во Обвинителството.
Италијанските власти претходно соопштија дека од преживеан од бродоломот дознале дека на бродот имало 700 луѓе. Бродот во претходната ноќ превезувал емигранти од либискиот брег. Засега не е јасно дали се работи за истиот преживеан кој дал два различни податока или се работи за две лица.
Инцидентот се случи недалеку од либиските води на 120 милји јужно од островот Лампедуза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.