Во Грција денеска почнува судскиот процес против десетици лица поврзани со неонацистичката партија Златна зора, трета најсилна партија во грчкиот парламент.
Процесот, за кој се очекува дека ќе трае неколку месеци и за кој медиумите многу пишуваат, ќе се одвива во одлично обезбеден затвор во Атина.
Советот составен од тројца судии ќе им судат на лидерот на Златна зора, Никос Махалолијакос, и на 68 други, меѓу кои има и пратеници и полициски службеници.
Повеќето се обвинети за припадност кон криминална организација, но има и обвинети за учество во заговор за убиство, поседување оружје и расистичко насилство. Доколку бидат прогласени за виновни, на обвинетите им се заканува казна до 20 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.