| четврток, 6 декември 2018 |

Имало ли драма на небото? Авионот на претседателот на Србија бил совршено исправен!

falkon vlada srbijaВладиниот авион со кој претседателот на Србија наводно доживеал  вистинска драма, бил сосема исправен, покажал пробниот лет на кој бил изложено леталото викендов, открива српски Блиц.

– Владиниот „фалкон“ во саботата имаше проблен лет, неполни 24 часа откако на половина пат до Римс е врати во Белград поради наводен дефект на моторот. Но, за време на овој лет немал никакви проблеми. Ниту на моторот ниту на било кој друг дел од авионот. По одредено време поминато во воздух авионот сосема нормално слетал на белградскиот аеродром – вели за Блиц соговорникот од владата на Србија.

Но, ако авионот немал дефект, останува да се утврди зошто пилотот што го превезувал претседателот и неговите сорботници на состанок со папата Франциск во Ватикан, пријавил дека има „проблем со моторот“ поради што и се вратил во Белград.

Според претходните информации на Блиц, до проблем дошло откако за време на летот член на персоналот истурил кафе по инструменталната табла на авионот.

Соработниците на претседателот, пак, тврдеа дека во воздухот се одвивала вистинска драма и дека била избегната вистинска трагедија благодарение на пилотот. Советничката на претседателката Станислава Пак сведочеше дека „авионот паѓал како камен“, а друг соработник објаснува дека „паѓале со носот надолу“. Од друга страна, стручњаците што го следеле летот тврдат дека не станувало збор за поголем инцидент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top