На Факултетот за безбедност денеска ќе се одржи научна дебата на тема „Ризиците и заканите по безбедноста на Република Македонија и на регионот“.
На дебатата ќе бидат презентирани разултатите од научно-истражувачкиот проект „Мислењето на граѓаните за безбедноста и за безбедносните закани на Република Македонија“ што го реализираше тим на Факултетот.
На дебатата свои обраќања ќе имаат проф. д-р Цане Т. Мојаноски, проф. д-р Злате Димовски, доц. д-р Марјан Ѓуровски и доц. д-р Ице Илијевски, како и проф. д-р Зоран Кековиќ од Факултетот за безбедност од Белград и проф. д-р Томе Батковски од Факултетот за безбедност – Скопје.
Поканети да учествуваат на настанот се и претставници од државните институции, кои се дел од безбедносниот систем на Република Македонија: МВР, Министерство за одбрана, МНР, Агенција за разузнавање, Сектор за воена безбедност и разузнавање на МОРМ, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекција за спречување перење пари и финансирање на теоризам, Финансиска полиција и други. Покрај нив, ќе учествуваат и претставници на граѓанскиот сектор во земјата.
Безбедносната процена претставува прв и основен чекор во планирање на безбедносните мерки и во поставување организациски структури што треба да ја спроведат пропишаната безбедносна политика, наведуваат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Град Скопје повика на дебата за изградбата на гасоводот на Водно, запрена е изградбата
-
Тридневна дебата, книжевна вечер, музика во Даут Пашин-амам
-
Утре во ДПМ: „Епохата на естетскиот плурализам“ – трибина посветена на академик Милан Ѓурчинов
-
Вечерва на „Букстар“ дебата за жанровската литература и ноќ посветена на Милчо Манчевски