Началникот на Генералштабот на војската на Русија ги предупреди ецропските држави кои планираат да го одобрат поставувањето на ракетните системи на НАТО на својата територија дека Москва ги набљудува тие системи како „приоритетни мети“ бидејќи тие поседуваат и офанзивни способности.
-MK-41 вертикалните лансери на ракети кои се дело на AEGIS антиракетните системи поставени во Романија и Полска покрај тоа што може да испалуваат SM-3 антиракетни проектили исто така може да испалуваат и Томахавк крстосувачки ракету, рече генералот Валериј Герасимов на одбрамбената конференција во руската престолнина.
-Ненуклераните нации кои ќе овозможат поставување на АBM системот на своја територија ќе бидат приоритетни мети во сличај на одговор од наша страна, предупреди тој.
-Поставувањето на американските глобални антиракетни одбрамбени системи го гледаме како дополнитечен чекор на САД и нивните сојузници на патот кон уништување на сегашниот безбедносен состем на меѓународната безбедност со цел за светска доминација, рече Герасимов. Станува очигледно дека имплементацијата на одбрамбените планови на САД и НАТО претставува вистинска закана за руската стратешка нуклеарна сила, вели тој.
Герасимов рече дека САД и нивните партнери од НАТО имаат за цел „да ја покорат“ Русија така што ги подгреваат конфликтите ширум руската граница, како што е случајот со Украина.
Не знаеме какви наредби добива новата украинска власт од своите западни господари и во која правец би била насочена агресијата на Киев во иднина, смета Герасимов.
-Во меѓувреме рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дена Вашингтон ги помина сите граници кога се обиде да ја вовлече Украина во својата лига за да го прошири НАТО и ги скара руските соседи.
Извор: Webtribune.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


