Продолжува трендот на нови странски инвестиции во Македонија. Премиерот Груевски на вчерашниот собир во Прилеп најави две компании кои ќе отворат 350 работни места. Германската Акомпласт ќе вработи 250 луѓе во фабрика за автомобилски компоненти, а италијанска компанија ќе ангажира 100 работници за производство на расветни тела.
Во Прилеп ќе инвестира и Гентерм со 2000 вработувања. Толку работници ќе вработи и американската компанија која во мариовско ќе произведува етанол.
Низа странски компании најавија инвестиции во сите региони од земјата. Американска компанија од автоиндустријата ќе вложи 15 милиоини евра во фабрика во Тетово во која ќе се вработат 2,5 илјади луѓе. Во Тетово ќе инвестира и италијанска компанија за минибуси, а интерна одлука за инвестиција во овој регион донела и белгиска компанија. Таму летово ќе почне со работа компанијата Про-компо која планира 150 вработувања.
Американската Амфенол одлучи да префрли шест свои дивизиции во ТИРЗ Виница за што ќе ангажира 2 илјади работници.Таму ќе инвесетира и холандската компанија „Р енд С“.
Уште една американска компанија од областа на бизнис-услуги потпиша договор канцеларии во Скопје и во Битола, со 2.000 работни места. Во Скопје германска компанија за електрични уреди ќе овозможи 500 вработувања. Во општина Битола е најавена изградба на фабрика за чипс во која ќе бидат ангажирани над 100 лица.
Најавена е нова странска инвестиција во Велес, која предвидува 1.000 работни места. Во Штип фабрика ќе отвори Кондево од Италија, а Џонсон Контролс ќе го зголеми бројор на работници за 200. . Со работа почна домашната Актива која произведува шасии за Ван Хул. Во Пробиштип најавена е инвестиција од 15 милиони евра од автоиндустријата со 300 вработувања
Со нова концесија на рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, се отвора можноста за дополнителни 200 нови работни места. 150 луѓе ќе вработи турската компанија „Челмак“, во погон за земјоделска механизација. Холандската компанија „Антура“, ќе ја прошири инвестицијата во Кочани со 200 нови вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


