| четврток, 6 декември 2018 |

Грција да постигне договор со кредиторите, бараат светските финансиски лидери

грција

Светските финансиски лидери ја повикаа Грција да постигне договор со меѓународните кредитори и да избегне банкрот, кој би ја потресол глобалната економија која се уште се опоравува од неодамнешната рецесија.

Повикот е упатен синоќа од Вашингтон, по завршувањето на пролетните сесии на Меѓународниот минетарен фонд и Светската банка, пренесува БТА.

– Евентуалното банкротирање на Грција, освен што ќе предизвика проблеми за неа, ќе наштети и на светската економија- предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу.

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги ја повика Атина да вложи повеќе напори, и тоа итно. Одговорот на кризата е во рацете на грчката Влада, потенцира Драги.

Истовремено, тој увери дека еврозоната е подобро екипирана во однос на 2010-2012 во случај ситуацијата да се влоши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top