| четврток, 6 декември 2018 |

Финците гласаат за нов парламентарен состав

избори

Околу 32 отсто од Финците гласаа однапред на парламентарните избори закажани за денеска, согласно изборниот закон на Финска, соопшто финското Министерсто за правда.

Од 4,5 милиони избирачи повикани да изберат 200 пратеници за четиригодишен мандат, 1,3 милиони Финци гласале во периодот од 8 до 14 април, пренесува Б92.

– Околу 40 отсто од бирачите, кои навистина сакаат да гласаат, го прават тоа однапред, а останатите своето граѓанско право го користат на денот на изборите, соопшти претставникот на Министерството Арто Јаскелаинен.

Актуелната Влада на чело со Александер Стуб од јуни 2014 година се состои од коалиција од четири партии – конзервативци, социјал-демократи, партија на шведско говорно подрачје и демохристијани.

Сегашната Влада не успеаа да ја реши економската криза која ја погаѓа Финска поради недостиг на кохезија во коалицијата.

Според последната анкета, земјоделската партија Центар би победила со 23 отсто од гласовите, пред социјал-демократите и конзервативците кои би освоиле околу 17 проценти и евроскептичните, Десничарската партија на вистински Финци со доверба од 16,2 отсто од гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top