Американската католичка црква меѓу јуни 2013 и јуни 2014 година дала 120 милиони долари за обештетување на жртвите на сексуално злоставување, како и 30 милиони за програми за борба против педофилијата, се наведува во годишниот извештај кој го нарачале бискупите, пренесува Танјуг.
Во тој 12. извештај се наведува дека 120 милиони се потрошени на обештетување, терапија за жртвите и адвокатски трошоци, додека 30 милиони послужиле за превенција, прецизира Конференцијата на американски бискупи.
Американската црква секоја година издава извештај за обвиненијата за злоставување и за напорите на црквата по избивањето на скандалот со свештениците педофили во САД 2002 година, кога бостонски надбискуп призна дека штител свештеник, одговорен за бројни сексуални злоставувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив