Нови две инвестиции и уште 350 вработувања денеска најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски за прилепскиот регион.
– Да ги најавам и германската фирма АКОМПЛАСТ која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, технологија со импрегнирање. Се работи за компанија која спроведува висока технологија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и 250 вработувања, рече Груевски.
Првите вработени, како што истакна, ќе бидат пуштени овој месец, април-мај, на доусовршување во матичната фирма во Германија.
Груевски најави и инвестиција на италијанската компанија која ја носи како и претходната министерот Бил Павлески, а се вика Bizzi&buzzi. – Оваа компанија одлучи да инвестира во Прилеп во производство на расветни тела, и која на самиот почеток ќе вработи 50 лица, а во период од две години ќе вработи над 100 лица, изјави Груевски.
Тој посочи дека за компанијата се потребни млади кадри кои го познаваат англискиот јазик, а американската компанија за производство на етанол, која самата објави планови за влез во Прилеп, се уште работи на подготовка на предусловите за да ја почне инвестицијата, која по реализацијата ќе ангажира околу 2000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер