Нови 2.000 вработувања во прилепско најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на народниот собир во Прилеп.
– Од октомври на Прилеп ќе почне да му се случува американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм, кој со инвестиција од 20 милиони евра планира 2.000 вработувања. Ќе биде сместен во слободната зона која Владата ја гради и која од октомври ќе биде функционална, рече Груевски. Во контекст на тоа потсети на Дракселмајер во Кавадарци и 4.800 вработувања.
– Беа планирани најмногу 4.000, а веќе се најавени дополнителни 500 во наредните месеци. Или пак Кофи каба, исто така кај Кавадарци, која дојде како сорботник на Дракселмајер, рече премиерот Груевски. Овие нови вработувања, како што посочи, ќе придонесат за намалување на невработеноста во Прилеп и регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер