| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Кривични пријави за тројцата киднапери на Ристески

risteskiiiiiМинистерството за внатрешни работи соопшти дека ќе биде поднесена кривична пријава против скопјаните Д.Д.(34), В.С.(41) и А.К.(37) осомничени за кривично дело „противправно лишување од слобода”, откако е добиена пријава од Ј.Р.(25) од Скопје. Против трите лица се поднесени и прекршочни пријави за физички напад од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир.

Ова е досегашниот епилог по вчерашното киднапирање и физичко малтретирање на Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Центар и советник во Општина Центар Јордан Ристески бил киднапиран. Како што веќе е објавено,Ристески е тепан со боксови, понижуван и насилно внесен во автомобил од активисти на СДСМ, возен низ Скопје и оставен на улица. Напаѓачите, кои според информациите се членови на СДСМ, го сликале претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и советник од централната скопска општина како го понижуваат и ја ширеле таквата фотографија.

Од МВР официјално се соопштува дека на 15 април околу 2 часот по полноќ на крстосницата на од улиците „Народен фронт” и „Франклин Рузвелт”  осомничените  физички нападнале пет лица на возраст од 19 до 25 години, задавајќи им повреди  по главата и телото. Откако четворица од нападнатите успеале да избегаат, осомничените го фатиле оштетениот Ј.Р., го внеле во патничко моторно возило „форд” со скопски таблички. Во возилото тој  повторно бил малтретиран и по возењето одредено време, осомничените го оставиле на ул.„Елисије Поповски Марко”. Оштетениот го пријавил настанот во Полициската станица Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top