Зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, планира Владата што значи, дополнителни три месеци за мајките кои ќе родат втори, трето или повеќе деца со цел да се овозможи мајката да има подолг период за грижа и развој на децата, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски од денешниот народен митинг во Прилеп.
Има, додаде рече Груевски, уште стотици и стотици проекти за Прилеп и за овој регион, кои се изградија или се градат или наскоро ќе почнат.
– Затоа СДСМ не може со креираните и монтираните снимки да го сруши ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што народот гледа. Гледа дека оваа политичка гарнитура се грижи за сите насекаде низ Македонија, и за сите категории граѓани, и постојано и неуморно наоѓа нови решенија за проблемите на народот, нови решенија за поквалитетен живот, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер