Русија е доверлив партнер,води независна поитика на меѓународната арена, а внатрешната во зависност од желбата на граѓаните, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју за емисијата Вести на недеата.
– Ние сме доверлив партнер затоа што не играме како што ни свират другите и не се прилагодуваме на моменталната ситуација, истакнал Путин.
Путин исто така додал дека постојат многу компоненти кои и овозможуваат на Русија да се смета како водечка земја. Тој рекол дека Русија е подготвена да соработува со САД, без оглед кој ќе стане претседател по изборите 2016.
– Ќе соработуваме со секој американски шеф кого ќе го избере народот. репок Путин и додал: „Ние не соработуваме со одреден поединец, туку со една од најголемите и многу влијателна земја, рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


