| четврток, 6 декември 2018 |

Олимпијакос направи „брејк“, Реал се извлече во последната минута

Поранешниот европски шампион Олимпијакос во четврфиналето на Евролигата успеаја да извојуваат победа над Барселона во Каталонија (76-63) и со тоа да го измранат резултатот на 1-1 пред двете средби кои треба да се играат во Пиреја.

FC BARCELONA VS. OLYMPIACOS

Олимпијакос во овој натпревар влезе мотивирано си желба за победат и да направат „брејк“. Барселона не беше ни бледа сенка од првиот натпревар и сосема заслужено загуби бидејќи беше надиграна во секој сегмент од играта.
Предноста која ја направи Олимпијакос уште по првото полувреме беше доволна за победа на крајот од мечот.

Најдобар поединец во грчкиот состав беше Принтезис со 22 постигнати поени, а домаќините ги предводеа Наваро со 16 и Анте Томиќ со 14 постингати поени, кои воедно беа единствени кошаркари на Барселона со двоцифрен број поени.

Real Madrid vs Anadolu Efes

Кралскиот тим Реал Мадрид се извлече од пораз во синоќешниот дуел против Анадолу Ефес со последната минута, откако ветеренот Фелипе Рејес погоди тројка за водство од 83-82 и за конечна победа од 90-85 во вториот натпревар од четвртфиналето од Евролигата.
Гостите од Турција има за што да жалат бидејќи водеа во текот на целиот натпревар, а на моменти има и предност од 15 кошеви во првото полувреме. Сепак искуството на Реал го реши натпреварот бидејќи предноста на Ефес полека се топеше се до последната минута.
Реал беше предводен од Серхио Љуљ со дабл-дабл од 18 поени и 12 асистенции, 15 поени постигна Руди Фернандес, а 13 Кеј Си Риверс. Ефес не ја искористи фантастичната партија на Томас Ертел кој постигна 16 поени и имаше 15 асистенции, а најефикасен беше ветеранот Ненад Крстиќ со 23 постигнати поени.

Следниот натпревар се игра в вторник во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top