| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата во село Волковија

Клисарот во црквата „Св.Мина“ во Волковија С.С. (70), вчера наутрово пријавил во полиција дека во периодот од средата до петокот (од 15 до 17 април) била извршена кражба во оваа црква.

– Засега непознатиот сторител или сторители со употреба на тврд предмет насилно ја отвориле влезната врата од црквата и без да пребаруваат или расфрлаат во нејзината внатрешност одзеле околу илјада денари и пет литри масло за јадење оставени од верниците како доброволен прилог. Незабележани од никого тие ја напуштиле црквата. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите, изјави портпаролот на СВР Тетово, Маријан Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top